Собраниската расправа за Буџетот продолжува утре

by fokus

Собраниската расправа за Дополнениот предлог-буџет за 2021 година продолжува и утре. Седницата, според најавите, треба да почне во 12 часот.

Денеска, на третиот ден од општата расправа, власта и опозицијата со спротиставени ставови. За власта, Буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики спроведени во изминатиот период. Посочија дека Предлог-буџетот е фокусиран на поддршка на здравството и на економското заздравување.

Ставот на опозицијата, пак, е дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален. Со него, како што истакнаа, нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти.

Поврзани новости