Грчки неделник објавува дека Атина ќе предложи „Вардарска Македонија“ за решавање на спорот со името

by Фокус

Вардарска Македонија ќе биде грчкиот предлог до македонската влада за решавање на спорот за името, пренесува грчкиот неделник „Риал њуз“.

Според весникот, грчката влада смета дека географската одредница „вардарска“ би ги исклучила сите иредентистички барања од македонска страна.

Според неделникот, алтернативен предлог на грчката страна можно е да биде и „Република Скопје“, кој македонската страна го има одбиено во преговорите во претходните години.

Поврзани новости