Грчки доктор ja загуби лиценцата, зашто плашел ковид-пациенти дека ќе умрат во болница

by Фокус

Со одлука на Лекарското друштво на Магнезија, доживотно му е одземена лиценцата за вршење на лекарска професија на грчки доктор, поради немање научен пристап кон Ковид19, објави Катимерини.

Во околината на Волос, Крит и други региони одвраќал пациенти велејќи им дека „седум од десет умираат во болница“ и ги советувал да не се вакцинираат.

Одлуката е окарактеризирана од целата медицинска заедница како „без преседан“, па за првпат се случува засекогаш да се отстрани лиценцата на лекар за вршење на својата должност.

Според поплаките, приватниот лекар им давал коктел од антибиотици, витамини и аспирин на пациенти кои биле тешко болни од коронавирус, притоа велејќи им дека ако одат во болница ќе умрат.

Одел во домашни посети и на интернет-блогови споделувал содржина против вакцинација, а давал и телефонски совети.

Според жалба на една жена, упатено до Лекарското друштво на Магнезија и до јавното обвинителство на Крит, неговите совети предизвикале смрт на нејзината мајка.

Поврзани новости