Битиќи: Над 600 милиони евра ќе инкасираат домашните компании од коридорите

by Фокус

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 домашните компании ќе инкасираат 650 милиони евра.

-Во договорот стои дека 51 процент мора да бидат домашни компании како изведувачи и кога договорот е 1,3 милијарди евра, тоа значи дека 650 милиони евра ќе завршат кај домашните компании – изјави Битиќи за емисијата „Стадион“ на радио „Канал 77“, додавајќи дека никаде експропријацијата на земјиштето не се вклучува во тендерската документација.

Тој додаде дека Коридорот 8 е ставен во паневропските коридори, што значи дека за прв пат Европската Унија може да ни дава финансиски средства за изградба на патиштата.

Поврзани новости