Дориан Бабунски – фудбалер на месецот во Унгарија

by Фокус

Македонскиот репрезентативец, Доријан Бабунски, игра во одлична форма пред почетокот на европските квалификации.

Денес во дербито против Кишварда го постигна единствениот гол на натпреварот за победа на својот тим, а тоа беше негов десетти гол од почетокот на сезоната.

Посебно добри настапи Бабунски прикажува во последниот месец и токму затоа го доби и признанието за најдобар фудбалер во најсилната конкуренција во Унгарија.

Наградата за македонскиот фудбалер беше доделена од познатиот унгарски медиум „М4 Спорт“.

Македонија на 23-ти март во Скопје ќе ги започне квалификациите против Малта.

Поврзани новости