Грчката полиција не им дозволи на македонските медиуми да влезат во Пела

by fokus

На екипата на Радио Слободна Европа денеска не ѝ беше дозволен влез во градот Пела во Грција, каде што се одржува централниот протест на „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Образложението на грчката полиција беше дека влезот не е дозволен поради безбедносни причини. Тие се повикаа и на соопштението на македонското МНР во кое се препорачува македонски државјани да ги избегнуваат местата каде денеска се одржуваат протести против користењето на името Македонија, во називот на името Република Македонија. Грчката полиција нареди екипата на РСЕ да го напушти местото по проверката на патните исправи и новинарските легитимации.

Исто така, влез не и беше дозволен и на екипата на Телевизија Сител.

Инаку, вечерва протести се одржуваат во 20 населени места ширум Грција, за како што беше најавено, зачувување на грчкиот карактер на Македонија.

Протести се одржуваат во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птоле-маида, Катерини, Лагадас и во туристичкото место Неа Мудања на Халкидики.

Поврзани новости