773
Грчкото обвинителство ќе нареди апсење на антиваксерите кои ги повикуваат граѓаните да не се вакцинираат, бидејќи го загрозуваат својот живот и животот на другите, со што стапи на сила нова одредба од Кривичниот Кодекс за ширење лажни вести.
Адвокатот Никос Антонијадис, кој долго време беше на чело на антиваксерските кампањи, денеска е уапсен, а обвинет е за ширење лажни вести и поттикнување непослушност.
Неговото апсење е наредено од обвинителството во Атина, кое веќе подолго време спроведува релевантни истраги за дејствијата на антиваксерот.
Антониадис, кој оттогаш е ослободен од притвор, тврди дека пациентите со ковид биле интубирани без причина и дека вакцините имале последици по здравјето на пациентите.