Италијански лекари и сестри ќе помагаат во болниците во Словенија

by fokus

Околу 30 лекари и медицински сестри од Италија ќе помагаат во словенечките болници кои се преполни по четвртиот бран на пандемијата на Ковид-19 којшто ја зафати оваа земја.

Договорот за доаѓање на медицинскиот тим од италијанската армија во словенечките болници за коронавирус е постигнат во средата на средба меѓу словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин и неговиот италијански колега Лоренцо Гуерини.

Болниците речиси го достигнаа максималниот капацитет во последните денови по големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус кој се движи над 3000.

Поврзани новости