Граѓански суд: СЈО не гони наши судии!

by Фокус

Не постојат никакви индиции од било каков карактер дека ќе се преземаат било какви дејствија од страна на Специјалното јавно обвинителство врз Основниот суд Скопје 2, велат од граѓанскиот суд откако дел од медиумите објавија оти СЈО ќе гони нивни судии.

„Судот нема сознанија дека ќе бидат остварени било какви контакти со било кои судии при овој Суд, ниту пак дека е побарано судиите да даваат исказ пред Обвинителството“, стои во реакцијата на Судот.

Од таму уште демантираат дека Претседателот на Судот бил распрашуван од страна на истражителите, како и дека воопшто некогаш бил на разговор во СЈО.

Поврзани новости