Ванхауте верува дека е можен договор за медиумите

by Фокус

По досегашните неуспешни преговори меѓу работните групи на четирите најголеми партии за регулирање на медиумската сфера, белгискиот посредник Питер Ванхауте, сепак, смета дека е можен напредок.

„Добро утро. Уште еден ден на преговори. Се уште е можен компромис, но нема љубов ако таа доаѓа само од едната страна“, напиша утрово Ванхауте на твирер, во пресрет на денешната нова рунда преговори.

Откако избирачкиот список целосно се префрли во надлежност на Државната изборна комисија, медиумската сфера остана последна точка за која ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА треба да постигнат договор пред претстојните парламентарни избори.

Поврзани новости