Граѓаните за Македонија: Под итно бараме преодна влада без Груевски!

by Фокус

Едногласно бараме итно да се формира преодна влада, која ќе обезбеди пречистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот сервис МРТ од контрола на власта, избор на независен Јавен обвинител, како и организирање целосно слободни и демократски избори, кои ќе ја одразат реалната политичка волја на граѓаните на Македонија, соопштија од граѓанската натпартиска коалиција „Граѓаните за Македонија“, во пресрет на днеешната нова лидерска средба.

„Составот на преодната влада е прашање на договор меѓу главните политички партии. Сепак, составот на таа влада треба да ги исклучи сите членови на актуелниот состав на Владата на Македонија бидејќи сите од нив се сериозно компримитирани преку нивните зборови и дела регистрирани во сниманите разговори објавени од опозицијата. Затоа, учеството на кој било член на актуелниот состав на владата во преодната влада може сериозно да го поткопа кредибилитетот на целиот процес и вербата на граѓаните во праведно разрешување на политичката криза“, сметаат од оваа коалиција.

Поврзани новости