405 илјади евра за договор за проект за Конгресниот центар „Александар Македонски“

by Фокус

Министерството за култура склучило договор во висина од 405.000 евра за изработка на основен проект за новиот објект на Универзална сала, односно Конгресен центар „Александар Македонски“. Во овој договор влегуваат архитектонски услуги, инженерски услуги, просторно планирање и уредување на земјиштето и други научни и технички советодавни услуги за технички испитувања и анализа. Не влегува изведбата на проектот, односно изградбата.

Договорот е скулучен со фирмата за проектирање, градежништво, инженеринг, трговија „Архи груп план А ДООЕЛ Скопје“, објави денеска Бирото за јавни набавки.

Поранешната Универзална сала, која од јануари годинава го носи името Конгресен центар „Александар Македонски“, од март не е во функција. Пред една година, министерката за култура Канческа-Милевска го презентираше идејното решение за нова концертна сала која ќе се гради на нејзино место.

Поврзани новости