Заев и Груевски на средба со Хан

by Фокус

Делегации од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од партиските лидери Зоран Заев и Никола Груевски, пред малку пристигнаа во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје, на средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој денеска е во земјата во обид да се изнајде излез од длабоката политичка криза.

Во делегацијата на СДСМ уште се Радмила Шекеринска и Петре Шилегов, а во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров.

Потоа треба да се оддржи лидерска средба во Клубот на пратеници со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Поврзани новости