Додека пратениците расправаат за интерпелацијата на министерот за здравство, Никола Тодоров, група граѓани во 18 часот почна да се собира пред Собранието, барајќи Тодоров да си замине од функцијата. Граѓаните носат транспаренти со натписи „Време е за одговорност“, „Нашите животи не се твои партиски поени“, „Министер за смрт“ и извикуваат „Убијци“ и „Оставка“.
-Случајот на малата Тамара, случајот со трудниците и многу други случаи даваат повод опозицијата, граѓаните и невладиниот сектор да бараат министерот да си даде оставка. Но, и покрај сите скандали Тодоров ниту еднаш не понесе одговорност. Затоа, време е да се каже доста е, оставка!, рече Андријана Селмани, дел од граѓанската иницијатива „Ајде“.
Додека граѓаните протестираат, на разглас се пуштаат изјави од министерот Тодоров во кој тој се брани за своето работење.
Фото: Радио МОФ