Пратениците од СДСМ нема да присуствуваат на годишното обраќање на Иванов

by Фокус

Пратеничката група на СДСМ нема да биде во собраниската сала при утрешното годишно обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов во Собранието, соопшти денеска координаторот на пратеничката група, Горан Сугарески.

-Мислам дека ставот на СДСМ е јасен одамна. Претседателските и парламентарните избори се криминални и наместени. Во Парламентот сме исклучиво заради договорот од Пржино. Немаме апсолутно никаква намера. Тој како прво за нас не е претседател, затоа што е избран на криминални и наместени избори, рече Сугаревски одговарајќи на новинарско прашање.

Претседателот Ѓорѓе Иванов, според најавата, утре во 12 часот во Собранието ќе го одржи својот годишен говор.

Поврзани новости