Заев верува дека Специјалното обвинителство ќе го расветли случајот „Пуч“

by Фокус 18:35
18:35

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави на рочиштето за случајот „Пуч“, во кој тој е обвинет, откако Специјалното обвинителство го презеде случајот. Заев е уверен дека правдата и вистината се на негова страна и верува дека Специјалното обвинителство ќе го расчисти докрај случајот, кој како што рече е креиран, монтиран и апсурден.

-Заради тоа што, тоа што јас го знам веќе 11 месеци, го знае и цела Македонија. Странски служби за шпионажа нема. Насилство врз премиерот е остварено? Остварено е. Предвремени избори се постигнати, постигната е и техничка влада. Тоа беа индикациите за насилство врз претставници на високи државни иснтитуции. Апсудрен е целиот систем, изјави Заев.

- Advertisements -

Специјалното обвинителство денеска побара судењето за овој случај да се одложи и побара дополнителен рок  за да може да ги разгледа сите докази за предметот.

Поврзани новости