Сите нерегуларности на веб страната на ДИК можат да се пријават до полноќ

by Фокус

Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во Избирачкиот список на веб страната, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, информираат од таму.

– Државната изборна комисија известува дека од вечерва на полноќ, опцијата за пријавување на неконзистентни записи во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија ќе биде затворена, затоа што е потребно време ДИК пристигнатите пријави соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка – се наведува во нивното соопштение.

Од ДИК ја известуваат јавноста дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки, ќе го разгледа на јавна седницата во среда, по што ќе започнат подготовки и активности за спроведување на теренската проверка.

 

Поврзани новости