ДС: Со матична евиденција да се избришат фантомските гласачи

by Фокус

Демократскиот сојуз предлага основа за отстранување на фантомските ново креирани гласачи, потоа двојните, тројните и други гласачи, гласачите кои гласат за тие што престојуваат во странство и ново увезените гласачи од странство, да бидат матичните книги кои се водат рачно (на родени, венчани, државјанство и умрени).

„Само со директните проверки во овие евиденции можат со сигурност да се потврдат сомневањата за кршење на изборните правила Демократскиот сојуз бара ДИК да подготви и достави до Собранието извештај за резултатите од прочистување на Избирачкиот список, на проблемите со кои се соочува, на отпорите и опструкциите на кои наидува. Демократскиот сојуз инсистира на целосна соработка на сите државни институции со ДИК за прочистување на Избирачкиот список и наведува дека тие што ќе го опструират овој процес, сакаат да продолжи кризата и да нема услови за кредибилни избори и изборен процес“- велат од партијата.

ДИК го затвори електронскиот систем за пријавување недоследности во Избирачкиот список и сега неизвесно е како ќе постапува во случаите во кои беа откриени фантомски гласачи, двојни адреси, непостоечки адреси и уште многу други неправилности. Секако дека се наметнува потребата од теренска проверка, но што и кои случаи ќе се проверуваат, допрва ќе се утврдува.

Поврзани новости