Спасовски: Уставниот суд да носи одлуки според закон, а не партиски

by Фокус

Постојат креирани списоци, коишто допринесувале за изборни фалсификати и тоа ја потврдува тезата дека во Македонија сме немале слободни, фер и демократски избори, истакна денеска генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средбата со граѓаните во Гевгелија.

– Вториот елемент, којшто ја потврдува исто така констатацијата за немање на слободни, фер и демократски избори е покренувањето на иницијативата на Уставниот суд за Законот за помилување и носење на една таква одлука. Го повикувам Уставниот суд навистина да носи одлука врз основа на уставните одредби, врз основа на законот, не врз основа на партиски одредби заради тоа што тие се тука да ја штитат Република Македонија и уставниот поредок на земјава. Едно е јасно. Има многу криминал, има многу корупција во Република Македонија. Создавањето на лажни Избирачки списоци исто така претставува изборен криминал и за сите тие криминали ќе мора некој да одговара ако сакаме Република Македонија да зачекори напред – рече Спасовски

Тој порача дека мора да се направиме сé за корупцијата и криминалот да се сведат на ниско ниво.

 

Поврзани новости