Граѓаните се судрија со полицијата, таа не ги пушти пред МВР

by Fokus

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон поставен на улицата под МВР но не успеаја. За да ги спречат да протестираат пред министерството на Јанкуловска од која бараат оставка, полицајците се поставиле далеку пред МВР и не дозволуваат да се помине.

11174263_10206871233484540_5133433013011611736_o

Првите редови граѓани се обидоа да поминат низ кордонот, но жестината на полицијата ги попречи. Во немоќ, а и за да не предизвикаат поголем инцидент демонстрантите се откажаа од намерата и се упатија кон Собранието. Практично и денешниот протест е претворен во марш низ улиците на Скопје затоа што граѓаните немаат локација на која би изразиле револт и би побарале оставки од Јанкуловска и Груевски.

 

Поврзани новости