Демонстрантите се селат пред МВР, поминаа покрај средношколскиот камп

by Fokus 17:57
17:57

Откако повторно не успеаја да стигнат пред Владата затоа што полицијата со силни кордони го спречува слободното движење на граѓаните, тие се упатија кон МВР. Револтирани од односот на полицијата која демонстрира сила врз народот и ги спречува својот револт кон власта да го искажат пред државните институции, тие заминуваат директно пред МВР да повикаат на оставка од Јанкуловска.

11155013_10206871119441689_2331332395448510264_o

Насобраните граѓани, пред се млади луѓе,  одново не можеа да ги убедат полицајците да ги пропуштат пред Владата за таму да го изразат незадоволството. Соочени со силната полиција која демонстрира полициска држава, тие одат кон МВР.

- Advertisements -

11169501_10206871117361637_3910280422606519710_o

По пат ги скандираат познатите пароли „Нема правда, нема мир“, „Груевски оставка“, „Јанкуловска оставка“. Очекувано е дека и пред МВР ќе бидат пречекани од кордон полицајци кои нема да ги пропуштат и ќе ги спречат во намерата да демонстрираат.

Пред да стигнат до МВР, граѓаните поминаа покрај средношколскиот камп и тука атмосферата кулминираше. Се извикуваа заеднички паролите со кои и се порача на власта дека нема да и се попушта веќе и дека сите ќе останат на улица додека не се слушнат нивните барања.

Поврзани новости