Граѓаните револтирани, пешачат до автобуска постојка и по 20 минути поради реконструкцијата на улиците

by Fokus

Во полн ек е големата експанзија во Скопје во која се реконструираат коловозите и голем број на улици и булевари. Градот работи на реконстукции на повеќе локации во населбите Ѓорче Петров, Центар, Чаир и Аеродром.

Од Град скопје веќе три дена чекаме одговор до кога се планира завршувањето на дел од градежните работи бидејќи граѓаните се жалат дека мора на високи температури да пешачат и по 20 минути за да стигнат до одредена автобуска постојка. Исто така и покрај препораките голем број работници се изложени на  сонце додека работат на овие проекти.

-Ние не сме против санација на улиците, но сепак требаше да има некаков план, состојбата е хаотична, не се знае кој каде вози, нема соодветни табли, за да отидеш на работа треба да пешачиш и по 20 минути до најблиската автобуска постојка, ова не се прави на овој начин, мора да има поголема организираност – вели револтиран граѓанин.

Шилегов изјави дека Градот Скопје во изминатиов период парите на скопјани, парите на граѓаните, ги троши за  вистински приоритети на нашиот град и во таа смила се врши целосна и темелна реконструкција на инфраструктурата.

Реконстукцијата на улиците и булеварите започна уште лани, па во одреден период имаше застој, а годинава започнувајќи од мај и јуни се одвиваат на повеќе локации во исто време. Градежните активности имаат воведен привремен режим на сообраќај но и покрај тоа предизвикуваат големи гужви и неред во градот, а работниците работат на топли временски услови.

Е.К

Поврзани новости