Јанушев: Заев „парче“ ги направи сите!

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев смета дека Македонија мора да расчисти со криминалот без разика од каде доаѓа, порачувајќи дека ќе се одговара политички и пред законот.

„Русковска се врати од одмор, истрагата за аферата „Рекет” ќе продолжела, а ни збор за тоа кога и дали Катица Јанева ќе биде викната на сослушување во ЈО!

Во меѓувреме се уништуваа докази, се влијаеше на сведоци, Заев „парче” ги направи сите, Владата си формираше Комисија за расчистување на аферата, каде патем нема ни еден претставник од обвинителско-судските органи, а и зошто да има кога се е тоа едно исто – Заев командува, тој е главата на овој криминално-рекетарски октопод.

Република Македонија мора еднаш да расчисти со криминалот без разлика од каде доаѓа!
Доаѓа денот кога ќе одговарате, прво политички, а потоа и пред словото на законот“, истакна Јанушев.

Поврзани новости