Пред демонстратите кои во моментов се наоѓаат пред Собранието на Република Македонија се обрати новинарот и активист Петрит Сарачини, кој на македонски и албански јазик порача дека борбата нема да прекине.
„Нема да не сопре ни дождот, ни апсењата, ни заканите. Денеска со нас се и оние кои се втемелија во изградбата на Македонија, оние кои се бореа против фашизмот. А тука се и сите граѓани кои се борат против фашизмот и денеска. Собрание сме од сите националности и вери и тука сите сме едно. “ – порача Сарачини пред Собранието.
Инаку, на денешните протести против аболицијата се приклучија „Сојузот на борци на Македонија” и маршираа во првите редови.
Барањата на демонстрантите остануваат истите, односно укинување на одлуката за аболиција на политичари, оставка од претседателот Иванов и повлекување на одлуката за парламентарни избори на 5 јуни.