Граѓаните преку апликацијата „Мое здравје“ ќе имаат пристап до своите здравствени податоци, поточно до подтоците за сите издадени упати, рецепти, прегледи, дијагнози, лабораторски испитувања, примени вакцини.
Апликацијата ставена во функција, а таа ги обединува податоците од системот „Мој термин“ со податоците од Фондот за здравствено осигурување па граѓаните електронски, во секое време и од секое место ќе имаат увид во сопствените здравствени податоци и прегледни како од матичните лекари така и од специјалистите.
“Оваа апликација ќе го смени начинот на управување со нашето здравје. Апликацијата за електронско-здравствена евиденција ‘Мое здравје’ на секој граѓанин му овозможува увид во сопствените здравствени податоци. Преку неа ќе може лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја, детали за рецепти, специјалистички и дијагностички лабораториски и болнички упати, досиеја за имунизација. Се што треба да знаете за вашите здравствени услуги е добро организирано и лесно достапно“, рече Фатмир Меџити, министер за здравство.
Министерот рече дека оваа апликација е беспрекорно интегрирана во системот „Мој термин“.
„Апликацијата ќе ве поттикне да станете активен учесник во грижата за сопственото здравје“, рече Меџити.
Од Управата за електронско здравство рекоа дека апликацијата веќе е достапна за сите корисници на здравствени услуги во јавното здравство и дека на неа почнале да работат уште пред ковид-кризата. Со оваа апликација податоциите освен на лекарите, ќе им бидат достапни и на граѓаните.