Германската економија во рецесија

by Fokus

Во првиот квартал од 2023 година германската економијата се намали за 0,3 проценти, во однос на претходниот квартал, објави денес германската Федерална служба за статистика Дестатис, што е намалување на првичната прогноза за раст од нула проценти.

По падот за 0,5 проценти во последниот квартал лани, тоа е втор последователен квартал на негативен раст на германската економија, што според многу економисти е  основа рецесија.

Високите цени на енергенсите по руската инвазија врз Украина особено влијаеа врз домаќинствата и стопанството.

Тие предизвика инфлација која во април достигна 7,2 степени, што е мало намалување од пикот кон крајот на минатата година.

„Постојаното зголемување на цените и натаму е товар за германската економија на почетокот на годината. “, соопшти Дестатис.

Инфлацијата најмногу е забележана во потрошувачката на домаќинствата, кои трошеле помалку пари на храна, пијалоци, облека, обувки, мебел.  Исто така според податоците од Дестис помалку Германци одлучиле да купат автомобили.

За разлика од домаќинствата во градежниот сектор забележани се зголемени инвестиции во опрема, машини и возила, соопшти Дестис.

Негативните резултати во растот не се изненадување по серијата слаби економски индикатори.

Германските економисти сметаат дека според овие индикатори состојбата ќе остане слаба и во вториот квартал на оваа година.

Поврзани новости