368
„Фокус“, преку неколку фотографии ви ја пренесува моменталната атмосфера од пред Собранието, каде што граѓаните протестираат за случајот Мартин Нешкоски.
Дел од демонстрантите се приближија до барикадите и се соочија очи во очи со полицијата. Неколку минути во знак на протест седнаа на улицата, а потоа во еден глас ја пееја химната.
Граѓаните бараат оставка од министерката Гордана Јанкулоска, а бараат и да се ослободат приведените граѓани кои беа приведени синоќа. Тие не престануваат да извикуваат: „Оди си Никола“ и „Долу диктатура“.