229
Претседателката на Комората на извршители Весна Деловска, на ТВ21 кажа пример во кој граѓанин за долг од 200 денари, треба да плати околу 500 евра.
-Човекот сите сметки си ги плаќал со задоцнуваање од некои 10-15 дена, и сега ангажиран е адвокат за секоја сметка поединечно, главниот долг е 37 денари, и покренати се 5 нотарски постапки, и имаме плаќање пет адвокати, и требаше пет предмети да заведам. За секој предмет ќе требаше да плати по 100 евра, значи околу 500 евра, а вкупно беа неплатени некои 200 денари – рече Деловска.
Таа додаде дека граѓаните треба да разберат дека системот во кој работат е висок стручен кадар.