Се запали куќа во Волково

by vlatko 23:04
23:04

Вчера изутрината во 05:53 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на 56-годишната С.Г. од селото.

Како што се наведува во полицискиот билтен, од пожарот била зафатена собата на нејзиниот 29-годишен син М.Г, кој имал здравствени проблеми.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести