Жители на Нерези и членови на СДСМ од оваа населба појавија загриженост по информациите за можна кандидатура на Душко Весковски за градоначалник на Општина Карпош од редовите на социјалдемократите, пишува порталот „Алмакос“.
Весковски потекнува од селото Злокуќани и жителите го познаваат како човек со етноцентрични и анти-албански ставови. Неодамна спроведената партиска процедура го определи како човекот кој на општинско ниво ја елиминира кандидатурата на Едмонд Адеми за член на Централниот одбор на СДСМ.
Како претседател на општинскиот комитет на СДСМ му се замерува и за отпочнување на своја рака соработка со директни учесници во претходната власт на Груевски. Единствена конференција на СДСМ одржана во објект сопственост на експоненти на ВМРО била организирана од Весковски во хотелот Гранд Плаза, и тоа само десетина дена по настаните на 27.Април во Собранието, пишува порталот.
Тој е бојкотиран од најголемиот дел на членството од Нерези, велат членови на СДСМ од оваа населба. Доколку СДСМ оди со вакви предлози на локалните избори претпоставка е дека може да се соочи со негативен став на ДУИ.