Граѓани донираат по 200, 500 и 1000 денари за изборната кампања на Ванковска

by Fokus

Кандидатката за претседател професорката Билјана Ванковска објави дека секое утро добивала извештај од сметката за изборната кампања, каде донирале граѓани од 200, 500 и 1000 денари.

Таа вели дека секој дава колку што може, а најважно, на оние кои донирале не им било тешко да отидат во банка и да уплатат од срце и кога никој не ги притиска.

„Водам најскромна можна кампања ама чекорам со обичен и сиромашен ама чесен свет! Благословена сум со вашата верба и грижа. Ви благодарам прекрасни луѓе (најчесто непознати)“, напиша Ванковска на Фејсбук.

Според извештајот што пред неколку дена го објави Државниот завод за ревизија, граѓаните индиректно преку Буџетот се најголеми финансиери на партите. Помал дел од средствата доаѓаат од членарина, подароци, донации и други извори.

Поврзани новости