Тешка кражба во рудникот Суводол: приведени четири лица од Битола

by Fokus

На 11.04 2024 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод – Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости