Државната изборна комисија повика графолог од Министерството за внатрешни работи да го вештачи потписот на Фатиме Сулејмани, која тврди дека во нејзино име гласал некој друг.
Сулејмани, но и членовите на Општинска изборна комисија во Гостивар од спорното избирачко место, тврдат дека дошла да гласа, било утврдено дека на нејзиното место во избирачкиот список веќе имало потпис.
За да утврдат дали нејзиниот потпис се совпаѓа со тој во избирачкиот список и во нејзината лична карта, на жената во ДИК и било кажано да се потпише на бел лист хартија.
Членовите на ДИК по расправијата околу автентичноста на нејзиниот потпис, свикале графолог да пресуди.
Ова е осмиот приговор на БЕСА и единствениот за кој ДИК прифати да расправа. За разгледување допрва остануваат приговорите на СДСМ. Крајниот рок на ДИК за одлучување за приговорите истекува на полноќ.