Прв приговор на СДСМ: Ливче исчезнало, па се вратило со заокружена 1-ца

by fokus

Првиот приговор на СДСМ ги раскара членовите на Државната изборна комисија. Претстaвниците нa партијата кoи гo oбрaзлoжијa пригoвoрoт рекoa декa уште утрoтo кoгa се oтвaрaлo избирaчкoтo местo во Теарце, билo кoнстaтирaнo декa еднo ливче недoстaсувa, a пoтoa истoтo билo нaјденo вo глaсaчкaтa кутијa со заокружен број 1 за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.  СДСМ бaрa нa oвa местo дa се пoништи глaсaњетo и дa се преглaсa.

– На конкретното избирачко место не смеело да почне гласањето, затоа што избирачкиот одбор во записник и на македонски и на албнскиот јзик, пред да почне гласањето, констатирал дека немало едно гласачко ливче, што е класична повреда на избирачкото право – сметаат претставниците на СДСМ.

На ова се спротиви Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ.

– Нема недостаток на гласачко ливче, туку за ливче откинато со кочанот и внесено со гласачката кутија. Станува збор за гласачко ливче од гласач кој гласал ден пред 11 декември, затоа што бил болен. Општинската изборна комисија отворила кутијата за да го отстрани кочанот – рече Бонева.

Во моментот се чека увид во записникот, да се викнат во ДИК членовите на ИО и на Општинската изборна комисија за да се истражи спорната ситуација.

Ова е првиот приговор на СДСМ до ДИК, а остануваат уште седум за разгледување. Рокот на ДИК за приговорите истекува на полноќ.

Поврзани новости