Данка Драгомировиќ (2) исчезна во Бањско поле, едно од населбите кај источниот српски град Бор. Во потрагата се вклучија и граѓани, кои се организираа и почнаа да го бараат детето.
Како што кажала мајката, таа е облечена во виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и е врзана во опавче.
Малото девојче се уште не зборува, а побегнало од погледот на мајката додека му давала вода на синот.
Потрагата трае веќе три и пол часа, а во моментов околу 300 луѓе трагаат по девојчето.
На терен се припадници на Полициската управа во Бор, Бригадата за противпожарна и спасување, на доброволната противпожарна единица, планинари, мештани и граѓани на Бор.
Девојчето наводно било видено како оди во шумата, но нема информации каде би можела да биде.
Родителите апелираа до сите кои ќе ја видат веднаш да се јават во полиција или да се обратат на нивниот телефонски број.