Македонија со најниска просечна нето плата во регионот

by Fokus

Во Словенија 1.477,34 евра е просечна нето плата, додека, пак, Македонија просечна нето плата е 643 евра.

На второто место на оваа листа е Хрватска (1.239 евра), па следуваат Црна Гора со 819 евра, Србија со 817 евра и БиХ со 679 евра.

Просечната месечна нето-плата исплатена на вработен во Република Македонија во јануари 2024 година изнесува 39.542 денари (643 евра), што е за 16,5 отсто повеќе отколку во јануари 2023 година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Зголемувањето е последица на зголемувањето на просечната месечна нето плата во секторите: јавна администрација, одбрана, задолжително социјално осигурување – 27,8 отсто, водовод, канализација, управување со отпад и санација – 19,2 отсто и земјоделство, шумарство и рибарско стопанство – 19,1 отсто.

Поврзани новости