Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се херои за Мицкоски

by fokus

Нормално е дека секогаш може подобро, но имајќи ги ви предвид околностите и ресурсите со кои располагаа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, имајќи во предвид во која ситуација се случуваше сето ова и што наследија мислам дека направија повеќе од што можеа, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги нарече херои бидејќи и покрај сите опструкции од власта успеале да реализираат голем дел од проектите, додавајќи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе им биде ветер во грб и ќе ги мотивира дополнително градоначалниците со поддршка да продолжат со реализација на проектите за граѓаните.

-Овие луѓе се навистина херои со тоа што успееја да го направат изминатите 365 дена, нормално тука со огромна поддршка на пратениците во парламентот од ВМРО-ДПМНЕ, со огромна поддршка на советниците во советите од ВМРО-ДПМНЕ, со огромна поддршка на луѓето кои што ги водат јавните претпријатија и народот кој што дополнително ги мотивира. И убеден сум дека во периодот кој што следи ќе го искористат тој мотив и ќе биде уште подобро и ќе има уште повеќе проекти, а нормално веќе и со иднината влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе им бидеме и ние ветер во грб, наместо оваа влада денеска која што опструира, рече Мицкоски.

Ние ќе мотивираме се со цел да реализираат што е можно повеќе проекти и да продолжат онаа традиција на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е брендот ВМРО-ДПМНЕ кој што носи проекти, иновира и кој што носи подобри времиња, изјави Мицкоски.

Поврзани новости