Македонија и Албанија ќе ја унапредуваат соработката во борбата против тероризмот

by fokus

Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Република Албанија имаат одлична соработка и таа во наредниот период дополнително ќе се унапредува, истакнаа по денешната средба во Охрид министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Фатмир Џафај.

И средбата во Охрид беше искористена за унапредување на соработката, пред се за заедничко справување со прекуграничниот криминал во делот на илегалната миграција и борбата против трговијата со дрога, како и поддршката во регионалните и меѓународните организации, каде двете држави се членки.

Министрите Спасовски и Џафај потпишаа и протокол за соработка во областа на тероризмот. Целта на протоколот е зајакнување на полициската соработка во борбата против тероризмот и финансирањето тероризам, првенствено преку размена на информации за поединци и групи вклучени во вакви активности, како и спроведување на заеднички операции во спроведување на истите.

Поврзани новости