Градоначалникот на Штип дал предлог бугарскиот јазик факултативно да се изучува во училиштата

by fokus 19:52
19:52

Градоначалникот на Штип Сашко Николов по денешната средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов рече дека дал предлог дека нема ништо против бугарскиот јазик факултативно да се изучува во македонските училишта.

-Во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дадов предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите, вели Николов.

- Advertisements -

Тој додаде дека  со Ангелов имале плодна средба затоа што разговарале за повеќе заеднички погранични проекти, за разни инвестиции кои ќе значат развој и на двете држави, но и за соработката меѓу градовите.
Бугарскиот амбасадор, како што самиот вели, е оптимист за спорот меѓу Македонија и Бугарија, при што најважно е да се врати довербата меѓу народите.

Поврзани новости