„Алкалоид“ регистрираше фирма во Велика Британија

by fokus

Алкалиод АД Скопје денеска соопшти дека регистрирал ново друштво во Велика Британија со назив ALKALOID UK LIMITED. Новата фирма е во 100% сопственост на „Алкалоид“ од Скопје.

Според компанијата, чекорот се должи на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, а на чиј пазар „Алкалоид“ само лани остварил продажба од околу пет милиони евра.

-Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на АЛКАЛОИД АД Скопје донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот. АЛКАЛОИД АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година, соопштија од компанијата.

 

 

Поврзани новости