Градоначалникот на Пробиштип негира дека бил пријавен за силување

by fokus

Вработена во општина Пробиштип го пријавила градоначалникот Тони Тоневски за обид за силување. Случајот е пријавен на 12-ти овој месец, а ден подоцна, вработената во општината дала исказ во пробиштипската полиција, пренесе 24 Вести.

Денеска на својот фејсбук профил реагираше градоначалникот Тоневски, кој демантира дека е пријавен за силување и дека такво нешто се случило.

-Тврдам дека не постои никаква пријава за обид за силување бидејќи такво нешто воопшто се нема случено. Ова е само обид за нарушување на мојот личен и политички углед, но се надевам дека во текот на утрешниот ден со официјалните информации од надлежните служби сето ова ќе биде расчистено, напиша Тоневски.

 

Поврзани новости