490
Депонијата во Крушево во изминатите неколку години им предизвикува сериозни проблеми на жителите, кои ја вдишуваат неподносливата смрдеа што се шири, особено во пролетните и летните месеци.
Крушевскиот градоначалник, Томе Христоски смета дека пожарот кај депонијата е подметнат.
„Депонијата е изгасена за рекордно брзо време, очигледно беше подметнат пожар, но нема никаква опасност кон моите сограѓани“, вели градоначалникот Христоски.