Ѓорѓиевски: „Пин петрол“ се разработува кога на власт е СДСМ

by Fokus

Во Куманово е отворена една од најголемите бензински во тој регион, а сопственик на хартија е таткото на Никица Петрушевски, советник за односи со јавност на Оливер Спасовски, посочија од ВМРО-ДПМНЕ изразувајќи сомнеж.

– На свеченото отворање продефилира половина влада, а Спасовски, според објавените слики во медиумите, прошета прв како што вообичаено тоа го прават сопствениците. Каков е уделот на Спасовски во отворањето на овој бизнис останува да се расчисти во периодот што следи. Фирмата на Петрушевски, „Пин петрол“ иако со години воопшто не бележи профит, односно нивниот профит е нула, инвестирала милиони во бензинска пумпа со ресторан, супер маркет, кафетерија и автоперална. Фирмата „Пин петрол“ се разработува единствено кога СДСМ доаѓа на власт – вели Оре Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истата фирма пред само неколку месеци добила лиценца за технички преглед од МВР каде синот на сопственикот е советник, а тоа, потенцираат од опозицијата, во секоја друга земја ќе се смета за класичен судир на интереси“, вели Ѓорѓиевски.

Поврзани новости