Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, им забрани употреба на мобилните телефони, на наставниците, во текот на одржувањето на наставните часови. Оваа одлука, како што вели Наумоски доаѓа како поттик на наставниците за поуспешно спроведување на наставната програма.
Истовремено, Наумоски ги повика и родителите да посветат внимание на нивните деца, и да поработат на кревање на свеста за последиците од употреба на мобилни телефони за време на часовите.
Нема повеќе користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта!Со цел непречено одвивање на наставниот процес, ја донесовме оваа мерка која стапува на сила од почетокот на второто полугодие. За секој наставник што нема да ја почитува, ќе следува дисциплинска мерка. Наставниот кадар во иднина за потребите на наставата ќе може да се служи само со друга информациско-комуникациска технологија, но не и со телефон. Учениците, пак, ќе можат да ги донесат телефоните во училиште, но нема да им биде дозволено користење додека трае наставата. За време на часовите, мобилните на учениците ќе бидат исклучени и ставени на определено место.
Publiée par Aleksandar Naumoski sur Lundi 16 décembre 2019