392
Градоначалникот на општина Долнени, Џемил Камили, ќе се вози во луксузен автомобил од 32.000 евра. Според податоците објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, општина Долнени на 3 септември склучил договор за набавка на автомобил Skoda Superb Ambition, вреден 32.000 евра, од компанијата ДООЕЛ „Јосифов“ Битола.
Според сепцификацијата, автомобилот треба да биде со боја црна металик, со кожен волан.