Полицаец бил физички нападнат во Гази Баба

by fokus

Полициски службеник од Полициска станица Гази Баба бил нападнат физички синоќа од непознато лице. Напаѓачот бил совладан и приведен во станицата.

„На 13.09.2018година во 02.40 часот, полициски службеник од Полициската станица Гази Баба физички бил нападнат од лицето Ф.А.(31) од Скопје. Додека полицискиот службеник се движел  кон своето возило кое било паркирано на паркинг простор на улица „Лазар Поп Трајков“, бил пресретнат и физички нападнат од Ф.А.. Напаѓачот бил совладан и приведен. При приведувањето во полициска станица, Ф.А. во еден момент се оттргнал и физички го нападнал и дежурниот полициски службеник.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Поврзани новости