447
Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Костадин Личков, наскоро ќе се вози во луксузна лимузина, вредна 18.500 евра. Поточно, општината на 3 овој месец склучила договор за набавка на лимузина, а кој денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.
„Набавка на лесно моторно патничко возило (лимузина) за потребите на општина Чешиново-Облешево, со одложено плаќање во времетраење од 48 месеци“, пишува во склучениот договор.
Општината возилото ќе го набави од Друштвото за лизинг ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, кое било единствениот учесник на тендерот.
В.В.