Се омажи несудената пратеничка

by fokus 12:44
12:44
 
Поранешниот модел, водителка и кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ во 2011 година, Драгана Чуприна, се омажи со своето долгогодишно момче Александар Богдановски од Тетово.

Убавицата која што веќе неколку години живее подалеку од очите на јавноста и не е достапна за коментари, и свадбената свеченост ја направила буквално во илегала, без присуство на медиуми.

Освен што беше позната како модел и водителка на емисијата ,,Бекстејџ“, Драгана беше препознатлива во јавноста и како поранешна девојка на Стефан од дуото Некст Тајм.

- Advertisements -

Во 2011 година ја изненади јавноста кога се кандидираше за пратеник, односно на изборите како дел од Извршниот комитет на УМС, беше на 18-то место на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, но не успеа да влезе во Собранието.

Пред две години медиумите информираа дека на сајтот на Агенцијата за државни службеници е објавена одлука за избор на кандидат за државен службеник по пат на јавен оглас со датум 10 март со кој екс-водителката и член на Унијата на млади сили на владејачката партија, Драгана Чуприна се избира за работното место – Соработник за поддршка на јавниот обвинител на Република Македонија и генералниот секретар. Според одлуката која што беше потпишана од Јавниот обвинител на Македонија, Марко Зврлевски, станувало збор за вработување на пробна работа.
За нејзиниот сегашен сопруг Александар, низ естрадните кругови се збореше дека всушност и бил старо – ново момче, бидејќи со него била во врска пред да ја започне романсата со Стефан, а повторно му се вратила и по прекинот со популарниот пејач.
Драгана и Александар наскоро го очекуваат раѓањето на нивното прво дете.

Вики Клинчарова

Поврзани новости