Градоначалникот Саша Богдановиќ денеска до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава против управителот на кафе барот „Интермецо“ во кој пред неколку дена беше отстранета пломбата ставена за забрана за работа поради гласна музика, соопштија од Општината.
Кривичната пријава, посочуваат оттаму, е поднесена за кривично дело симнување или оштетување на службен печат или знак што го ставило овластено лице заради осигурување на предмет или просторија.
Согласно овој член, оној што ќе влезе во ваква просторија или отвори осигурен предмет, се казнува парично или со затвор до три години. Општина Центар, на барање на жителите кои живеат во овој дел од општината, неколку пати претходно го опоменуваше и санкционираше кафе барот ’Интермецо‘ за прекршување на Законот за заштита на животната средина во однос на надминувањето на дозволеното ниво на бучава“,
„Кривичната пријава до ОЈО општината ја поднесува сè со цел обвинителството да ги преземе сите потребни правни дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба со кршењето на законот од страна на кафе барот“, велат од Општина Центар.