Државата води сметка за сеизмичката безбедност на објекти во кои е сместенa јавната администрација во државните институции, но не и за објектите во кои се сместени градинките, средните и основните школи, алармираат екперти од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) за СДК.
-За инвеститорот да добие одобрение за градење на детска градинка, постојните закони не го обврзуваат да направи анализа на земјиштето каде што се планира градбата. Ваквата анализа е потребна за да покаже каков вид на градба би била најбезбедна во зависност од подлогата на која се гради. Тие се обврзани само да добијат позитивно мислење за сеизмичката стабилност на објектот што сакаат да го градат од нас кое не вклучува и анализа на земјиштето. За такви анализи обврзани се само инвеститорите на градбите од прва ктегорија, велат од ИЗИИС.